Германија и Исланд „одиграа“ за Македонија!

1329

Македонската фудбалска репрезентација е втора на табелата во групата „Ј“ од квалификациите за пласман на СП 2022. Место кое води во дополнително разугрување за пласман, место кое е наш сон во овој циклус. Денешниот триумф над Лихтенштајн беше очекуван, заслужен и убедлив. Но во исто време додека ние игравме играа и нашите ривали во групата. Исланд успеа да се спаси од пораз и да и „скине“ два бода на непредвидливата Ерменија која имаше долго 0:1 на дуелот во Рејкјавик.

Гостите во 35. минута преку Хофханисјан стигнаа до предноста но не ја сочуваа. Домашните преку Јоханесон во 77 минута стигнаа до 1:1, резултат кој нам ни одговара и кој не ланзираше на табелата веднаш зад Германија. Романија беше на прагот на чудо. Во Хамбург преку Јанис Хаџи уште во деветтата минута поведоа со 0:1 кај Германија. Добро се спротиставија на „панцирите“ кои имаа негатива по првото полувреме но и неколку зрели прилики за 1:1.

Сепак во вториот дел комплетен пресврт. Романија не ја повтори мартовската сезнација на Македонија со тоа што големиот фаворит преку Гнабри во 52. минута стигнаа до 1:1 а во самиот финиш Милер стрела за победа со која Германија веќе е со едната нога на мундијалот и со шест бода предност доаѓа во понеделник на пресметката со нашиот национален тим во Скопје. Теоретски имаме големи шанси за втората позиција со тоа што би било супер да не загубиме во понеделник од Германија а Риоманија и Ерменија да одиграат без победник. Така влегуваме во ноември со отворен гард на дуелите со Ерменија на гости и Исланд дома во битката за нова историја и сензација.

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО – ГРУПА „Ј“

Лихтенштајн – Македонија 0:4
Германија – Романија 2:1
Исланд – Романија 1:1
ТАБЕЛА:
1. Германија 7 6 0 1 19:3 18
2. Македонија 7 3 3 1 15:6 12
3. Ерменија 7 3 3 1 8:10 12
4. Романија 7 3 1 3 10:8 10
5. Исланд 7 1 2 4 7:15 5
6. Лихтенштајн 7 1 0 0 6 2:19 1
СЛЕДНО 8. КОЛО (11.10.2021) Македонија – Германија Романија – Ерманија Исланд – Лихтенштајн

ПретходноМоќна Македонија, “пукавме“ до четири… (ВИДЕО)
СледноМилевски: Важно ми беше да победиме, целта е иста и против Германија