Големо признание од ЕХФ, Мицевска ја има четвртата најдобра одбрана (ВИДЕО)

94

Македонија беше поразена од Црна Гора со 21-29 на првата средба во рамките на ЕХФ Купот. Една од најдобрите ракометарки во составот на нашата репрезентација беше Јована Мицевска, мечот го заврши со 11 одбрани.

Таа во текот на целата средба беше константна, па една од нејзините интервенции се најде во ТОП 5 листата на ЕХФ по завршување на првото коло во квалификациите за ЕП 2022 и ЕХФ Купот.

ПретходноОбложувалниците велат: За победа на Македонија коефициентот е 1.15!
СледноОдлична можност за добар пласман