Како што информираа од раководството на Е. Пелистер, од утре (сабота 9 октомври) ќе се пуштат во продажба сезонските билети за Европската лига. Истите ќе чинат по 1.000 денари. Тие ќе важат за сите пет натпревари на кои Е. Пелистер ќе биде домаќин.
Додека поединечните билети за мечот со Ним, кој се игра на 19 октомври, љубителите на ракометот ќе можат да ги купуваат од 15 октомври.
Инаку покрај мечот со Ним, Е. Пелистер пред своите фанови ќе ги дочека и екипите на Татабања, Спортинг, Кадетен Шафхаузен и АЕК Атина.