Конте ќе го одбие Бин Салман, Џерард или Лампард на клупата на Њукасл!

579

Иако веќе два дена се говори дека Антонио Конте ќе биде новиот тренер на пребпгатиот, од завчера, Њукасл, сепак според одредени лица блиски од италијанаксиот стратег, тој не бил премногу воодушевен од тоа дека да седне на клупата на овој клуб. Клуб кој во наредните години би требало да се бори за врвот во Премиер – лигата па за освојување на Лигата на Шампионите, но за неколку години.

Имено според медиумите во Италија и Англија, Конте имал намера да ја одбие понудата на Мохамед бин Салман. Едноставно тој посакува клуб каде веднаш би се борел за титулата, а не да чека барем 2-3 години.

Па така, ако навистина се потврдат овие шпекулации, тогаш први кандидати за тренер на Њукасл, би биле Стивен Џерард и Френк Лампард.

ПретходноЕ. Пелистер од утре ги пушта во продажба сезонските билети за Европската лига!
СледноУште една фешта на Алкалоид, ја наполни мрежата на Аеродром