По репрезентативната пауза, следниот викенд се враќа клупскиот ракомет, но во Ла Лига нема да се одигра една средба во предвидениот термин. Станува збор за дуелот меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао.
По репрезентативната пауза, следниот викенд се враќа клупскиот ракомет, но во Ла Лига нема да се одигра една средба во предвидениот термин. Станува збор за дуелот меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао.
Деветото коло во шпанскиот шампионат е закажано за 16. овој месец, ден претходно на програмата се мечевите од јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2022 година.
Во редовите на Реал Мадрид има фудбалери кои настапуваат токму во овие земки, па Ла Лига го прифати барањето на „кралскиот“ тим за одложување на натпреварот, кој требаше да се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Следниот меч Реал го игра на 19. октомври против Шхатјор во Лигата на шампиони, ова ќе биде загревање за првото „Ел Класико“ оваа сезона.