Кирил Лазаров и Нант го запишаа вториот пораз во францускиот шампионат. Тимот на предводникот на нашиот нациолен тим на домашен терен беше изненаден од Лимож, кој замина со целиот плен, славеше со 27-29.
Нант имаше негатива во првото полувреме од еден гол (13-14), во вториот дел се врати дури и водеше со два разлика, но гостите во последните десет минути се вратија, во финишот ги казнија грешките на противникот.
Лазаров беше стелец на три гола од пет обиди. Неговиот тим падна на шестото место на табелата со две победи, едно реми и два порази.