Моќна Македонија, “пукавме“ до четири… (ВИДЕО)

1495

Моќна Македонија. Убедлив триумф среде Вадуц, и тоа со 4:0. Одлична игра, разирано делувавме во текот на целиот меч, едноставно на Лихтенштајн не му дадовме да “дише“ што се вели. До таа 85.минута посед на топката беше 82-18 за Македонија, со 26 удари на голот. Што за вакви мечеви ова е реткост.

Велкоски, Алиоски, Николов, Чурлинов, тоа се стрелците, значи „пукавме“ до четири на радост на македонските фанови на трибините на “Рајнпарк“стадионот во Вадуц.

Ова е прва победа на Благоја Милевски како селектор на Македонија.

Очекувано, Македонија во Вадуц започна офанзивно, агресивно, со желба што порано да ги “отвори“ домашните, селекцијата на Лихтенштајн. Првата шанса ја имавме преку Трајковски, во мешаницата само лудата среќа ги спаси домашните. Во 12.минута прекрасен центаршут на Алиоски, но Милан Ристовски со глава шутира над голот. Спировски со нова закана, шут од далечина, но над голот.

КОНЕЧНО ГООООЛ, ДАРКО ВЕЛКОВСКИ…

Македонија продолжи со нападите, се редеа акциите пред голот на Бухел. Во 18.минута ја тресеме мрежата, но ВАР го поништи голот на Трајковски, откако Елмас центрираше. Се чини дека Алекс не требаше да ја допре таа топка. Следуваше акција на Елмас, имаше фаул над него, но за судијата Франковски тоа не беше доволно да покаже на белата точка. Што да се каже за промашувањето на Чурлинов, од само 5-6 метри место да ја “скине“ мрежата, тој ја погодува пречката, а потоа таа топка падна на гол – линијата. Ех, Дарко, Дарко… ова мораше да биде гол.

И кога не можат напаѓачите, им покажа Дарко Велковски, стоперот, и тоа во 40.минута. Тој најдобро се снајде пред голот на Бухел по една мешаница и конечно ја затресе мрежата за водство од 1:0 за Македонија, со кое се замина пауза.

Треба да се каже дека на денешен ден пред една година, на мечот со Косово во полуфиналето од плеј – офот во Лигата на Нации.

ВАР “ПОКАЖА“ ПЕНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЏАНИ ЗА 2:0

Во продолжение од средбата, Македонија одново беше играчки надмоќна, имаше акции, имаше комбинации, но сепак немаше, барем во првата фаза од второто полувреме, шанси за зголемување на водството. Сепак Македонија ги контролира настаните на теренот.

И тогаш во таа 66.минута фаул врз Адеми, а ВАР вели пенал за Македонија. Секако судијата Франковски ја виде целата ситуација уште еднаш и покажа на белата точка, а Алиоски реализраше за 2:0. Ова беше 11 гол за Џани во дресот на Македонија.

 

НИКОЛОВ И 3:0, БРАВО МАКЕДОНИЈА, ДЕБИ НА РАКИП

И покрак замените нашата репрезнетација не застана со нападите. Сега на ред дојде Бобан Николов кој со мајсторија во 74.минута постигна супер гол, а само што влезе во игра. Убаво водство, убав резултат, следуваше шансата за Миовски.

А во 76.минута се случи дебито на Ердал Ракип, кој влезе во игра место Стефан Ристовски.

И тоа не е се. Дарко Чурлинов одлично продре пред голот на Бухел и повеќе од умешно го матираше за 4:0.

Квалификации за СП Катар 2022 – група Ј

ЛИХТЕНШТАЈН – МАКЕДОНИЈА 0:4 (0:1)

Стадион „Рајнпарк“ во Вадуц. Судија: Бартош Франковски (Полска). Срелци: Велковски 40., Алиоски (п) 66., Николов 74,, Чурлинов 84. (МАК). Ж. Картони: Ф. Волфингер, Кауфман (ЛИХ), М. Ристовски (МАК).

ЛИХТЕНШТАЈН: Бухел, С. Волфгингер, Малин, Кауфман, Хофер, Гепел, Ф. Волфингер (61. Ф. Волфингер), Хаслер, Н. Фрик. Ј. Фрик.

Селектор: Мартин Штокласа.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски (76. Ракип), Велковски (76. Зајков), К. Ристевски, Алиоски (70. Николов), Адеми (70. Ашковски), Спировски, Трајковски, Елмас, М. Ристовски (61. Миовски), Чурлинов.

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноРашфорд e најмладиот добитник на докторат на универзитетот во Манчестер
СледноГерманија и Исланд „одиграа“ за Македонија!