Њукасл вчера потврди дека доби нови сопственици, прв човек до кралот во Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман одлучи да го купи Ст. Џејмс Парк.
Според англиските медиуми на местото на актуелниот стратег, Стив Брус, најсериозен кандидат е Антонио Конте, кој во овој момент е без работа откако се раздели со Интер. Новите газди се подготвени да му сервираат богата понуда на италијанскиот тренер, која тешко ќе може да ја одбие.
На списокот на принцот се наоѓа и Роберто Мартинез, кој ја води Белгија, а се споменуваат и имиња како Лампарт и Џерард.
Останува да видиме кој ќе го замени Брус, кој пак пред новинарите откри дека посакува да добие шанса и да докаже дека може да го води тимот и во иднина, но тоа речиси е невозможна мисија.