Македонија е апсолутен фаворит вечерва на мечот со Лихтенштајн. Се освен наша победа ќе биде рамно на чудо, така барем велат обложувалниците и не само кај нас.
Имено за триумф на момците на Благоја Милевски, коефициентот е само 1.15, додека за домашна победа, поточно за „1“, тој е дури 22.0, додека за „Х„ или реми, тој е 9.00.
Значи ако сакате сигурни добивки играјте на Македонија, играјте „2“, иако тие добивки ќе бидат симболични.
Ние немаме дилеми дека Македонија вечерва во Вадуц ќе слави победа, дека ќе биде „2“, поголемите добивки ќе ги чекаме во понеделник, кога ќе играме против Германија.