Македонската репрезентација до 17.години на добар начин го стартуваше кваификацискиот турнир во Ирска. Вчера момците на селекторот Тони Јакимовски одиграа 0:0 против Полска, и добија сериозно голема предност со освоениот бод, кој може да има клучна улога во конечниот пласман во оваа група.
Со оглед на фактот што од оваа група во следната фаза одат првите две од оваа група, тоа значи дека ние имаме сериозно голема шанса за пласман во елитниот дел од овие квалификации. Следниот меч го играме против домаќинот Ирска в недела од 20:00 часот, а во последното коло се среќаваме со Андора.
Ако на се ова се додаде дека Македонскиот фудбалски шампионат во младинските категории сеуште не е започнат поради ковид рестрикциите во нашата држава тогаш овој турнир и резултатот од него на овие млади момчиња уште од сега треба да им се признае како успех.