Во текот на попладнево се појави списокот на 30 фудбалери кои се номирани за освојување на “Златна Топка“ за оваа година. Познато е дека лани немаше доделување на оваа престижна награда поради короната, а сега е предвидено манифестација да се одржи на 29 ноември во Париз.
Тоа се Аспиликуета, Жоргињо, Канте, Лукаку, Маунт (Челзи), Барела, Мартинес (Интер), Бензема, Модриќ (Реал Мадрид), Бонучи, Киелини (Јувентус), Де Брујне, Дијас, Фоден, Марез, Стерлинг (Манчестер С), Роналдо, Фернандес (Манчестер Ј), Донарума. Мбапе, Меси, Нејмар (ПСЖ), Халанд (Дортмунд), Кејн (Тотенхем), Кјаер (Милан), Левандовски (Баерн), Морено (Виљареал), Педри (Барселона), Салах (Ливерпул), Суарез (Атлетико Мадрид).