На нешто помалку од три часа од средбата меѓу Лихтенштајн и Македонија, познат е стартниот состав на нашата селекција. Состав кој ќе се обиде да ја оствари првата победа под водство на селекторот Благоја Милевски.
Формацијата е 4-4-2.
На голот ќе биде Димитриевски, додека во одбраната се Стеган Ристовски, Дарко Велковски, Кире Ристевски и Езџајн Алиоски. Во средниот ред Александар Трајковски на десно, Елиф Елмас на лево, додека тука се и Аријан Адеми и Стефан Спировски, во нападот младите Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.
Да кажеме дека “Лавот“ Адеми по првпат ќе биде во тимот на селекторот Благоја Милевски.