Полесно е кога “Лавот“ Адеми е тука, одлично загревање за Германија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

677

Ете, сега сите сме задоволни. Го “растуривме“ Лихтенштајн, победивме со 4:0, селекторот Милевски го забележа својот прв триумф. Сите “коцки“ се на место. Ова беше одлично загревање за дуелот со Германија на 11 октомври во Скопје.

Секако, БРАВО МАКЕДОНИЈО.

Некоја ќе праша, во што е разликата од мечевите во септември и овој во Вадуц.

Разликата се вика Аријан Адеми. И точка. Да, сите беа одлични, Велковски стрелаше, Алиоски пак погоди, Николов влезе и веднаш мајсторија, Чурлинов стрелаше.

Сепак, сепак кога се “кршеше“ Лихтенштајн, тука беше Адеми. Посебно кога тргна малку понапред. Па сите негови акции беа наши шанси.

Единаесетти меч со Лихтенштајн, десетта победа, “пациентот“ останува “пациент“.

Честитки за сите.

ПретходноКомичен автогол на Велшаните, Холандија минимално со Летонија (видео)
СледноГо прескокна Роналдо: Меси наброја четири кандидати за „Златната топка“