ПОЛУВРЕМЕ: По многу шанси, конечно, Велковски го „отклучи“ противничкиот гол (видео)

380

Во Вадуц заврши првото полувреме од квалификацискиот меч за СП меѓу Лихтенштајн и Македонија. Водство на „рисовите“ со 1:0 со голот на Дарко Велковски во 39. минута иако по се она што се случуваше по првите 45 минути водството требаше да биде повисоко. Македонските репрезентативци направија многу шанси но некако не беа прецизни во завршницата. Топката кружеше пред голот на Лихтенштајн и никако да влезе. Од многуте ги издвојуваме можностите на Трајковски на стартот кој не успеа да погоди од неколку метри, шутот од далечина на Стефан Ристовски кој заврши покрај голот, потоа Трајковски ја погоди мрежата но тој гол беше поништен поради офсајд, па Дарко Чурлинов ја погоди пречката, за конечно, во 39. минута  Велковски по една мешаница успеа да ја турне топката во голот на противникот.

ПретходноСветски шампион со Франција: „Сега Меси е полесен за чување“
СледноСлалом на Хаџи и „мат“ за Германија (видео)