Раиола: Зошто Милан не се огради од навивачите?

124

Мино Раиола, контроверзниот фудбалски агент ги искоментира скандирањата и транспарентите против неговиот играч Џиџи Донарума на стадионот Сан Сиро на мечот помеѓу Италија и Шпанија. Целиот свет ја знае веќе неговата приказна и како тој од икона на Милан стана најомразената личност затоа што не сакаше да поптпише нов договор и бесплатно замина летово во ПСЖ. Сега во Милано тој воопшто не е добредојден, и навивачите го исвиркуваа на мечот против Шпанија.

„Не знам зошто Милан не се огради од ваквите испади на навивачите. Што е Донарума виновен што клубот едноставно не можеше да си приушти. Прашајте го таткото на Донарума што се случуваше. Едноставно Милан немаше доволно пари за да го задржи. Како може некој да осуди млад играч кој донел некаква одлука и за тоа сега да треба да се правда некому“ – изјави Раиола за Италијанските медиуми.

ПретходноОдлична можност за добар пласман
СледноДани Макели ни суди против Германија во Скопје