Рашфорд e најмладиот добитник на докторат на универзитетот во Манчестер

419

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ја доби една од најспецијалните награди во кариерата. Тој стана најмладиот добитник на почесен докторат на Универзитетот во Манчестер.

Важната награда ја доби благодарение на хуманитарната работа. Тој константно им помага на бездомните лица, покрена и неколку кампањи во текот на пандемијата, а за организацијата „Fare Share“ успеа да собере 20 милиони фунти.

„Да се биде тука со великани како што е сер Алекс Фергусон, како и оние кои многу придонеле за тоа што сум тука каде што сум, навистина е посебно. Тука сум за да го примам почесниот докторат за се што имам презедено против детската сиромаштија“, изјави младиот фудбалер на Јунајтед и англиската репрезентација.

ПретходноДеби на Ердал Ракип
СледноМоќна Македонија, “пукавме“ до четири… (ВИДЕО)