Редно е “рисовите“ да му ја подарат првата победа на селекторот Милевски!

155

Благоја Милевски, нашиот нов селектор, вечерва во Вадуц по четврти пат ќе ја предводи нашата најдобра селекција. Тој досега нема пораз, но нема ни победа. Најблиску беше на Исланд да се израдува на својот прв триумф минатиот месец, играчки не бевме лоши ни со Ерменија и Романија, но сите три меча звршија без победник.

Лихтенштајн е противник по мерка, па затоа редно е “рисовите“ да му ја подарат првата победа на својот селектор. Се чини вечерва Македонија мора победи, и тоа по секоја цена.

Јасно е дека се освен триумф, задоволни ќе бидиме и со 1:0, се друго нема да биде добро за нас.

Ако со Ерменија, Исланд и Романија минатиот месец, Милевски немаше шанса да се израдува и да прослави победа, вечерва е време.

ПретходноПознати се 30-те фудбалери номинирани за „Златната Топка“!
СледноЕ. Пелистер од утре ги пушта во продажба сезонските билети за Европската лига!