Одбранбениот фудбалер на Троа Адил Рами е убеден дека суперѕвездата на Пари Сен Жермен Лионел Меси сега е полесен за чување отколку претходно додека беше фудбалер на Барселона. Светскиот шампион со Франција од Мундијалот 2018 имал многу дуели на теренот со напаѓачот затоа што тој играше за Валенсија и Севиља.
„Никогаш не сум победил против него, но имам три ремија. Исто така ми даде 4-5 дресови. Најлошото е кога Севиља ја победи Барселона со 2:1 (октомври 2015) тогаш бев повреден па не можев да се насладувам на триумфот. Сепак, вкупно гледано сега се 12 натпревари против него без победа… Тој беше многу силен. Сега тој повеќе подава, па така е полесно за одбранбените фудбалери затоа што можеше да го ’прочитаме’ тоа. Не мислам дека уште може да ги прави оние свои „слаломи“, изави Рами.