Во последните четири години, дури петпати сме играле против Лихтенштајн. Имаме пет убедливи победи со вкупна гол – разлика 18:1. Оваа генерација на играчи ниту еднаш не му дозволи на Лихтенштајн ниту да помисли да дојде до реми, а камоли да победи.
Александар Трајковски е човекот кој и тоа како кога игра против Лихтенштајн е расположен за голови. Од вкупно 18-те погодоци кои ги има тој постигнато за Македонија, дури 5 се против вечерашниот ривал, речиси 1/3.
Втор на оваа листа, само да потсетиме дека тука ги сметаме резултатите и головите од последните пет меча, е Илија Несторовски со 4 голови. Тој се уште заздравува од тешката повреда и операција. Три гола има постигнато Енис Барди, додека по еден Елиф Елмас, Висар Муслиу, Аријан Адемим Бобан Николов и Горан Пандев по еден.
Оваа Македонија покажа дека досега немала никакви проблеми против Лихтенштајн, дека обично си ја поправала гол – разликата, па без разлика што вечерашниот ривал во последно време игра добар фудбал, ние очекуваме само победа и ништо друго.