Уште една фешта на Алкалоид, ја наполни мрежата на Аеродром

204

Алкалоид продолжува во силен ритам да ита кон Супер-лигата. Дебитантот одигра уште еден фуриозен меч, го совлада Аеродром со 21-43 во рамките на 4. коло во Првата лига и го задржа лидерското место.

Избраниците на Бранче Ангеловски дуелот го решија во првото полувреме, поведоа со 4-8, на одморот заминаа со водство од девет гола (10-19). Во продолжение беше само рутина, на почетокот на вториот дел Алкалоид имаше двоицифрни 10-22, позитивата растеше од минута во минута.

Стојков со десет погодоци беше прв стрелец, зад него со осум гола беше Серафимов. Кај домаќинот, Петрески и Михајло запишаа по пет погодоци.

ПретходноКонте ќе го одбие Бин Салман, Џерард или Лампард на клупата на Њукасл!
СледноСветски шампион со Франција: „Сега Меси е полесен за чување“