10 меча и 9 победи: Лихтенштајн ни е стар “ПАЦИЕНТ“!

158

Македонија вечерва во својата историја ќе го одигра 256 натпревар, тука ги сметаме и квалификациските, но и официјалните пријателски. Билансот е 77 победи, 66 ремија и 112 порази. Додека гол разликата е 302/342, значи негативна.

Кога сме кај вечерашниот ривал, репрезентацијата на Лихтенштајн, дури 9 победи имаме над него од тие 77. Досега со Лихтенштајн сме одиграле десет меча и имаме девет победи и само едно реми. Гол разликата е 38:5. Посебно се паметат тие 11:1 од 1996 во Еншеде.

Последен пат со оваа селекција сме играле на 28 март оваа година кога во Скопје победивме со 5:0.

Интересно, единственото реми го имаме на празникот 8 септември и тоа во 2002 година, и тоа со резултат 1:1.

Нема дилеми, Македонија вечерва е фаворит, Македонија ја посакува својата вкупно 78 победа и јубилејна десетта во дуелите со оваа селекција.

Имаме квалитет, имаме игра, само реализацијата да се подобри и Македонија вечерва на “Рајнпарк“ во Вадуц ќе слави три бода против нашиот стар “ПАЦИЕНТ“.

Да се надеваме.

ПретходноРоналдо ќе биде ослободен од обвинението за силување!
СледноЛапорта: Камп Ноу ќе го промени своето име!