По се изгледа дека тешко ќе се одигра утрешниот меч меѓу Андора и Англија, во рамките на квалификациите за пласман на СП во Катар 2022. Имено денеска ненадејно малиот стадион во Андора пламна, дел од трибината изгоре, а настрада ВАР – системот. Се очекува овој меч да биде одложен, во спротивно, ако делегатот настојува сепак да се игра, тогаш ќе нема да има видео – технологија на овој натпревар.
Се разбира дека Англија е апсолутен фаворит и дека се освен убедлива победа на момците на Герет Саутгејт ќе биде вистинско фудбалско чудо.