Холандскиот арбитар Дени Макели е делегиран за делител на правдата на мечот Македонија – Германија кој ќе се одигра на 11 октомври во Скопје со почеток од 20:45 во ракмите од тековните мундијалски квалифиакции.
Ова е арбитарот кој нам ни е многу добро познат, затоа што токму тој ја делеше правдата на полуфиналниот меч од Лигата на Нации во Скопје, кога со 2:1, го совладавме Косово.
Исто така ова е судијата кој беше „главен“ на полуфиналето од Европскиот шампионат изминатото лето.
foto: Getty images