Стручен коментар – Срѓан Захариевски: Македонија демонстрираше класа!

1329

Македонија вечерва одигра навистина одлично, успеа среде Вадуц да го победи Лихтенштајн со 4:0. И не толку поради убедливата победа, туку според начинот на кој дојдовме до победата.

Срѓан Захариевски, еден од нашите најдобри тренери, инаку актуелен стратег на Струга ТЛ, специјално за „Спортмедиа“ дава свој стручен коментар.

Секако дека треба да бидеме задоволни. Македонија во Вадуц против Лихтенштајн едноставно демонстрираше моќ, демонстрираше класа. Веројатно некои работи ги научивме од септември. Македонија беше сконцетрирана, знаеше што сака, знаеше како да дојде до тоа што го сака. Во текот на целиот меч доминиравме, и затоа убедливо и победивме“ вели Захариевски.

Инаку тој се осрвна на два битни моменти од овој меч.

Да, подобро кажано сегменти. Првиот е дека ова е добра увертира за нашиот најважен меч во овие квалификации, во понеделник со Германија. Сега атмосферата е на високо ниво, сега апетитите се зголемуваат, сега сакаме добра игра и со Германија. Ова беше навистина добро загревање. Вториот сегмент е враќањето на Аријан Адеми. Секоја чест за сите што настапија вечерва, но сепак Адеми е нешто посебно. Тој е лидерот на оваа наша репрезентација, тој е предводникот. Дури сега гледаме колку ни недостигаше на тие три меча во септемврискиот циклус. Реално, според мене, со него ќе имавме најмалку 4 бодови повеќе“ заклучи Захариевски.

ПретходноМилевски: Важно ми беше да победиме, целта е иста и против Германија
СледноКомичен автогол на Велшаните, Холандија минимално со Летонија (видео)