Мартинез нема да биде нов тренер на Барса, затоа што Жорди Кројф рекол така!?

257

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинез, по се изгледа, нема да ја преземе Барселона.

Раководството на Каталонците, предводено од претседателот Жоан Лапорта, минатата недела разговараше за опциите за замена на  Роналд Куман, а името на Мартинез високо стоеше на листата на потенцијални наследници на Холанѓанецот.

Сепак, на последниот составок е одлучено дека Мартинез не е најдобриот кандидат за функцијата, со то ашто тој нема да добие покана за разговор со управата на Каталонците. Интересно е што спортскиот советник на Лапорта, Жорди Кројф, кој е одличен пријаел со селекторот на Белгија, бил главен поборник на идејата Мартинез да се исклучи од листата на кандидати за нов тренер на Барса.

ПретходноГрадска пресметка во СЦ „Јане Сандански“: Вардар домаќин на Металург
СледноПелистер по бодови во Скопје, дебитантот на тест кај најтрофејниот, дерби во Гостивар!