Кристијано Роналдо одново ги тресе мрежите во дресот на Португалија. Вечерва на стадионот „Алгарве“ во Фаро, Португалија во пријателски меч го совлада Катар, домаќинот на идното СП со 3:0. Роналдо погоди во 37. минута на нафрлување на Диого Далот и една лоша интервенција на еден катарски дефанзивец. Тоа беше 112. погодок на Роналдо во 181 натпревар за Португалија.
Вториот гол го постигна Хозе Фонте на почетокот на второто полувреме со што стана највозрасниот стрелец на гол за Португалија. Фонте погоди со 37 години и 291 ден уривајќи го претходниот рекорд на Рикардо Карваљо кој во 2015 даде гол на свои 36 години и 315 дена.
Во последните секунди во листата на стрелци се запиша и Андре Силва.
Cristiano Ronaldo scores for Portugal against Qatar assisted by Diogo Dalot! 🇵🇹
— The United Zone Podcast (@UnitedZonePod) October 9, 2021