Ерлинг Халанд експлодираше во дресот на Салзбург во сезоната 2019/2020, а потоа за 20 милиони евра замина во редовите на Борусија Дортмунд каде продолжи со феноменалните партии.
Пред да дојде во Салзбург играше за норвешкиот гигант Молде. Многумина тимови се распрашуваа за неговите услуги, најблизу бил Јувентус. Но, тогашниот директор, Марота сметал дека два милиони евра за еден тинејџер се премногу.
„Една од моите најголеми грешки е Халанд. Имав шанса да го доведам во Јувентус од Молде и тоа за два милиони евра. Бевме многу близу. Сега веќе е невозможно Халанд да го видиме во Серија А. Италијанските клубови немаат шанси да го донесат следното лето“, призна Марота.
Клузулата на Халанд за следното лето изнесува 70 милиони евра, за неговите услуги клубовите ќе мораат да вложат многу повеќе пари. Норвежанецот неофицијално бара 50 милиони евра годишно, за својот труд пари бара и неговиот менаџер Раиола, сумата е 40 милиони евра.