Како што известуваат од раководството на Вардар, денеска во посета на клубот бил шефот на скаутинг службата на Бешикташ, Бајрам Билим. Покрај другото било разговарано и договорено за долгогодишна соработка меѓу турскиот гигант и нашиот најголем фудбалски бренд.
Којзнае, можеби Бил му “фрлил око“ на некој нов Бесар Гуџуфи, екс вардарец кој од Беласица направи трансфер во “црно – белите“ од Истанбул. Колку за потсетување, трансферот се реализира во време кога актуелното раководство на Вардар тогаш беше на чело на Беласица.