Во Ерменија да се поправиме за се што пропуштивме досега

307

Младата македонска фудбалска репрезентација се врати од гостувањето кај Фарските острови каде што одигравме 1:1, и каде што го освоивме вториот бод во тековната кампања.

Израниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаа да ја остварат првата победа на второто гостување, и сега ќе мора тоа да го сторат на третото против Ерменија.

Реално, требаше, мораше да имаме повеќе бодови по три одиграни мечеви. На мечот против Фарските Острови примивме наивен гол, и тоа рано, а потоа мораше да „бркаме“ негатива. Навреме изедначивме но ете, не успеавме да го постигнеме и тој втор победнички гол. Фарските острови очигледно дека во моментов се селекција која и тоа како знае да одигра на резултат, впрочем оваа нивна У21 генерација, своевремено до 17. години беше учесник на Европскиот шампионат. Токму затоа и обезбедија „островјаните“ бодови и против Франција, Ерменија, а ете сега и против нас.

Токму затоа, ние мора да поправиме се она што не чини во нашата игра, младите репрезентативци за се соочат со фактот дека ова е национален тим, дека мора на секој меч да се оди максимално и дека секој освоен бод, е голем плус како за нив, така и за сите идни генерации затоа што го подигаме рејтингот на репрентацијата.

Нашата селекција денеска веќе го одработи тренингот, утре работните задачи се закажани за 16:00 часот, а со лет во 08:00 наутро во понеделник се заминува за Ерменија. Мечот е закажан за 12 октомври од 16:00 часот на Националната Фудбалска Академија во Ереван.

 

ПретходноРепрезентативците пристигнуваат вечер, го менуваат „Хилтон“ со „Палас“
СледноМиовски: Германија е мотив самата по себе (ВИДЕО)