Експедицијата на Германија утре во вечерните часови ќе пристигне во Скопје, за мечот кој ќе се игра во понеделник со Македонија.
Официјално “панцерите“ нема да тренираат на Арената, значи нема да го одработат тој вообичаен тренинг. Така одлучил селекторот Ханси Флик. Ќе тренираат во својата база во Хамбург во текот на утрешниот ден а потоа летаат за Македонија.
Инаку, како што извести Фудбалскиот сојуз на Германија, во хотелот каде што се сместени репрезентативците имало ненајавена посетa. Лица од Националната агенција за допинг, одбрала шестмина репрезентативци на Германија кои морале да дадат примерок од урина, а двајца од нив и примерок од крв. Малку чудно ако се знае дека веднаш по мечот со Романија, двајца фудбалери веќе ја минаа допинг контролата.
ФОТО: DFB.DE