Ерменците се клуб – репрезентација со амбициозен селектор (ВИДЕО)

347

Македонската репрезентација до 21. година следниот квалификациски дуел го игра против соодветната селекција на Ерменија на гостински терен. Мечот е закажан за 12. октомври во 16:00 часот на Националната Фудбалска Академија во Ереван.

Ние знаеме отприлика со што располагаме, нашиот национален тим е спој на две генерации, од кои едната го завршува својот У21 мандат, додека пак останатите надоаѓаат и имаат право за настап во оваа категорија и во следниот квалификациски циклус.

Од друга страна пак противникот е веројатно уникатен и единствен во светот според составот. Ерменија има дури 17 репрезентативци од еден ист тим. Тоа е екипата на БКМА, или пак во превод Централен Спортски Клуб на Армијата на Ерменија. Всушност, тоа е фудбалска академија која работи веќе со децении и чиј што прв тим во моментов е дел од прволигашката конкуренција на оваа земја.

Ова значи дека Ерменците се екстремно воиграни, и функционираат буквално како еден клуб, затоа што во суштина тоа и се. На последниот натпревар на од квалификациите на домашен терен имаа 1:1 се до 85.минута од мечот против Србија,, а потоа за неколку минути направија неколку грешки кои ги чинеа пораз. Конечниот резултат од 1:4 на тој меч, воопшто не ја дава вистинската слика ниту за истиот ниту за општата сила и капацитет на Ерменците.

Селектор на Ерменската репрезентација е Рафаел Назарјан, кој како играч има забележано дваесетина сениорски настапи за сениорите.

Ерменија во моментов на табелата е пред нас, со три бода но од четири одиграни мечеви и претставува сериозен испит за репрезентативниот капацитет на избраниците на селекторот Драган Канатларовски.

 

 

ПретходноБорец подобар од Вардар на пријателската во Велес
СледноХамилтон најбрз, но Ботас ќе стартува прв во Турција