Напаѓачот на Реал (М), Лука Јовиќ може да го напушти тимот повторно во јануари и да се пресели на нова позајмица.
Поради слабата минутажа која ја добива и кај новиот тренер Карло Анчелоти, српскиот напаѓач и неговиот менаџер Фали Рамадани веќе работат на евентуален трансфер оваа зима.
Интер е заинтересиран за позајмица на Јовиќ, но засега не се знае дали истата може да биде комплетирана и какви услови ќе понудат италијанските шампиони.
Јовиќ на 5 натпревари оваа сезона во Ла Лига, не успеа да постигне гол, а забележа само една асистенција.