Лионел Меси секогаш е интересна тема. По заминувањето од Барселона, аргентинскиот фудбалер конечно ја отвори душата. За „Франс фудбал“ тој зборуваше за моментот кога требало да го напушти каталонскиот гигант.
Меси во Барселона стигна во 2000 година, никогаш не помислувал дека ќе дојде денот за разделба.
„Барса излезе со соопштение во кое се велеше дека не можам да останам. Во тој момент почнав да се преиспитувам дали ќе можам да се вратат на своите фудбалски активности, дали ќе можам да изберам тим кој ќе се вклопи во мојата кариера. Искрено, во ниту еден момент не помислував дека ќе морам да си одам. Дојдов на тренинзи по одморот, а потоа ми кажаа дека не можам да останам. Бев очаен, признавам дека никогаш во животот не можев да се замислам во друга соблекувална“, рече Меси.
Тој открива дека со ПСЖ брзо се договориле, имал и други понуди.
„Добив и други понуди, но морам да признам дека преговорите со ПСЖ беа лесни и брзи. Бев воодушевен од проектот, амбициите, групата на играчи, сите тие работи ми го олеснаа изборот. Им благодарам на ПСЖ, ме почитуваа од самиот сатрт. Покажаа дека навистина ме сакаат уште на самиот старт. Среќен сум тука“, додаде Меси.