Магдебург ја шокираше Барселона и го освои Суперглоуб

279

Магдебург го подигна трофејот на светското клупско првенство Суперглоуб. Во финалето бундес-лигашот го совлада актуелниот европски првак Барселона со 33-28 (19-16).

Каталонскиот гигант беше на ниво на задачата во воведните минути, има предност од 13-11, по што Магдебург направи пресврт. Серијата од 5-0 им донесе водство од 16-13, позитива со која замина на одморот.

Во продолжение, бундес-лигашот не дозволи пресврт, Барселона се закани во самиот финиш, но единствено што успеа да направи е дад ојде на минуд два.

Омар Инги Магнусен беше прв стрелец со седум гола, Вебер запиша пет, кај Барса, Дика Мем постигна 10 гола.

ФОТО: Магдебург

ПретходноЃорѓиев „експлодираше“ на големото словенечко дерби со Калцит Камник
СледноЏани сега е на петтото место на вечната листа на стрелците во нашата репрезентација!