На Работнички му требаше продолжение против дебитантот, Пелистер според планот

166

Работнички едвај го доби дуелот со дебитантот Феникс, славеше со 94-90 по продолжение за втора победа во низа. Гостинскиот состав имаше шанси мечот да го реши во регуларниот дел, но Митревски промаши за сензација.

Неискуството на гостите беше среќна карта за најтрофејниот кошаркарски колектив, кој дефинитивно е далеку од потребното ниво, втор меч по ред се спасува од срам. Во продолжението, кошаркарите на Феникс направија неодзволиви грешки.

Избраниците на Тони Симиќ и овој пат се мачеа иако во втората четвртина имаа предност од 46-29. Противникот беше упорен не се откажа и по 69-59 на стартот на последните десет минути.

Кошаркарите на Феникс се бореа, не го губеа мотивот, па на помалку од две минути до крајот намалија поведоа со 82-83, благодарение на серијата од 8-0, поточно со поените на Митревски, Хот и Димитриески. Мацура израмни на 83-83, по промашувањата на двете страни, Феникс не го искористи последниот напад за победа во регуларниот дел.

Во продолжението Рабонички тргна добро, но Феникс се врати, поведе со 89-90. Хот во важните моменти промаши две слободни фралања. Домашниот тим успеа да дојде до ново водство, при 92-90, гостите направиja лична грешка во напад.

Емерсон постигна 18 поени и 10 скока во триумфот на Работнички, Мустафица имаше 16 поени и 8 скока. Митревски од Феникс со 26 поени беше најдобриот кошаркар на теренот.

БЕЗ ИЗНЕНДУВАЊЕ ВО КИСЕЛА ВОДА

Пелистер дојде до планираните бодови во втората рунда, на гостувањето кај Академија ФМП славеше со 89-66. Избраниците на Марјан Илиевски одиграа добро во првата четвртина (11-26), на одморот имаа позитива од 33-47. Мал пад забележаа во третиот период, но фуриозната игра во последните 10. минути им донесе сигурна победа.

Кесар со 19 поени беше прв стрелец, Караџовски постигна 14. Крстајиќ во редовите на Академија ФМП запиша 24 поени, зад него беше Бакоч со 17.

ПретходноЏани сега е на петтото место на вечната листа на стрелците во нашата репрезентација!
СледноПСС Рејсинг станаа вицешампиони на Европа