Неверојатен пресврт: ТФТ со чудесна серија го урна вицепрвакот

172

ТФТ по неверојатен пресврт успеа да го совлада Еуро Никел со 85-71 и да дојде до втората победа во Првата лига. Тимот од Тафталиџе имаше негатива од 17 поени на стартот на третиот период, не го изгуби мотивот, се врати и го одбрани домашниот терен за голема радост. На другата страна кавадарчани ќе жалат долго време бидејќи го имаа мечот во своја корист.

Хортон со 23 поени и 15 скока беше најефикасен кај победникот, зад него беше Александар Костоски со 20 поени. На другата страна Предраг Самарџиски имаше 15 поени и 5 скока.

По релативно изедначената прва четвртина која гостите со серија од 9-0 ја добија со 12-21, гостите во следниот период го наметнаа своето темпо. На минута и пол до одморот имаа предност од 26-38, со истата позитива го завршија овој дел од натпреварот.

Доминацијата ја продолжија во воведните минути од третиот период, стигнаа до плус 17 (29-46). Ваквиот расплет најавуваше лесен финиш за кавадарчани, но исто не размислуваа кошаркарите на ТФТ. Влегоа во одличен ритам, постигнаа 30 поени, наспроти Еуро Никел само 13. Домаќинот изедначи на 59-59 за интересна завршница.

Со тројката на Костоски и поените на Бродвеј, ТФТ го врати водството после 30. минути (66-64). Со тројката на Бродвеј и двата поени на Хортон, домаќинот фати залет поведе со 77-66 , на другата страна кавадарчани влегоа во поентерска криза, на нешто повеќе од две минути Самарџиски го заврши мечот поради пет лични грешки.

Еуро Никел не успеа да се разбуди, од овој пораз ќе мора да извлече голема поука.

ФОТО: КФСМ

ПретходноСо каква оценка да се оцени стартот на Милевски?
СледноРенова и на пријателските си “гази“, убедлив триумф над Кораби!