Три меча од второто коло во Првата машка лига се на програмата денеска. Еден од најсериозните канидати за титулата, Пелистер по триумфот над МЗТ Скопје, во Скопје доаѓа по нови бодови.
Избраниците на Марјан Илиевски му гостуваат на тимот на Академија ФМП, кој во минатото коло беше совладан од дебитантот Феникс. Битолчани се фаворити на оваа пресметка (19:30 часот), но секогаш има мал простор за изненадување.
Колото први ќе го отворат ТФТ и Еуро Никел, два тима кои во претходното коло тргнаа со победа.
Гостивар и Куманово ќе се сретнат во дербито на втората рунда (18 часот). Избраниците на Александар Јончевски не минаа добро во Кавадарци, одиграат катастрофална последна четвртина, па сега на домашен терен со поддршка од своите навивачи ќе ја бараат првата победа сезонава.
На другата страна Куманово влегува со свои математики, овој тим градеше состав за Европа, Балканот и домашната сцена, па треба да биде и тоа како тежок противник за гостиварци. Стртуваше со победа, доволен мотив да бара нови бодови.
Работнички по неубедливото издание против МЗТ Скопје 2, треба на дело да ги оправда очекувањата за новата сезона и тоа против дебитантот (20 часот). Иако како штго беше најавено дека клубот се гради од корен, сепак најтрофејниот секогаш имал високи амбиции, а на теренот делувал далеку подобро од она што го прикажа во Аеродром.
Феникс пак ја запиша првата историска победа, најави дека ќе биде „нагазна“ мина, а дуелот со Работнички треба да биде само дополнителен мотив за овој состав.