Првиот човек на Торино: „Му дадов убава понуда, но Белоти не сака да игра за Торино“

387

Претседателот на калчолигашот Торино, Урбано Каиро крена раце од својот најдобар фудбалер Андреа Белоти кој одбива да го продолжи договорот со клубот. Белоти е во клубот од 2015 година и досега постигна 106 гола во 231 натпревар. Сепак, неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, а преговорите не одат како подмачкано, поточно Белоти има поинакви планови.

Нема потпишано ништо и веројатно нема ни да потпише. Не сака да потпише. Му дадов убава понуда во рамките на ножностите, не можам со сила да го терам да потпише. Но мислам дека нема да потпише“, изјави Каиро.

Тоа значи дека Торино во јануари ќе биде принуден да го продаде за да заработи нешто, во спротивно во јуни ќе го „изгуби“ за без пари затоа што ќе стане слободен фудбалер.

ПретходноПСС Рејсинг станаа вицешампиони на Европа
СледноНајефикасна Данска во историјата, Албанија изненади во Будимпешта (видео)