Пролет се намачи во Струга, но замина со целиот плен

89

Т.Пролет дојде до петата победа оваа сезона. Иако избраниците на Андон Бошковски влегоа како фаворити, сепак се намачија за да дојдат до бодовите и до гистински триумф против Струга (21-24).

Почетното водство им припадна на скопјани (2-4), но домаќинот по само неколку минути со серија од 3-0 дојде до предност од 7-5. Стружани не го задржаа темпото, на другата страна Пролет врати со иста серија и дојде на плус три 8-11, на одморот беше 11-14.

Стружани не се предадоа, не дозволија противникот лесно да го реши мечот, во вториот дел беа на негатива од еден до два гола. Скопскиот состав дури на крајот успеа да го скрши отпорот на противникот.

Пецаковски имаше 6 гола, додека Аларов пет, во редовите на Струга, Барјактаревиќ реализираше пет гола.

ПретходноБаражот е на повидок: Македонија сама си решава за својата судбина!
СледноМарота: Интер нема да продава играчи оваа зима