ПСС Рејсинг станаа вицешампиони на Европа

150

Македонскиот тркачки тим ПСС Рејсинг стана вицешампион на најзначаниот тркачки шампионат во Европа – ТЦР Европа. Како што велат од тимот, денешниот ден бил „игра на судбината“, но имале пех во квалификациите на трката во Барселона: прво дефект, потоа поништување на најбрзо извозените кругови на Давидовски и Џиролами кои се покажале како пресудни во квалификациите, а со тоа и врз исходот од првата трка која на крајот излезе како одлучувачка.

Франко Џиролами е втор во ТЦР Европа шампионатот, а шампион е Микел Азкона кој пред утрешната, последна трка не може да биде изместен од првата позиција.

На денешната трка Давидовски заврши на 11. место и се наоѓа на 16. место во генералниот ранкинг и веројатно таму и ќе остане, а Џиролами поради техничките проблеми заврши на 17. место. На утрешната трка очекуваат подобар настап и пласман.

ПретходноНа Работнички му требаше продолжение против дебитантот, Пелистер според планот
СледноПрвиот човек на Торино: „Му дадов убава понуда, но Белоти не сака да игра за Торино“