Роналдо стигна до 112 гола за Португалија, Фонте урна рекорд на Карваљо

273

Кристијано Роналдо одново ги тресе мрежите во дресот на Португалија. Вечерва на стадионот „Алгарве“ во Фаро, Португалија во пријателски меч го совлада Катар, домаќинот на идното СП со 3:0. Роналдо погоди во 37. минута на нафрлување на Диого Далот и една лоша интервенција на еден катарски дефанзивец. Тоа беше 112. погодок на Роналдо во 181 натпревар за Португалија.

Вториот гол го постигна Хозе Фонте на почетокот на второто полувреме со што стана највозрасниот стрелец на гол за Португалија. Фонте погоди со 37 години и 291 ден уривајќи го претходниот рекорд на Рикардо Карваљо кој во 2015 даде гол на свои 36 години и 315 дена.
Во последните секунди во листата на стрелци се запиша и Андре Силва.

ПретходноЛеонардо: Реал треба да биде казнет, тие немаат почит кон нас
СледноНавивачите во шок, Харден изгледа како да има 15 килограми повеќе (ФОТО)