Финансиски фер-плеј: Колку пари ќе може да потроши Њукасл за засилувања во јануари?

556

Новите сопственици на англиски Њукасл ќе имаат можност да инвестираат значителна сума на средства во нови засилувања уште во зимскиот преоден рок.

Клубот кој неодамна беше купен од јавниот инвестициски фонд на владата на Саудиска Арабија, може да потроши 190 милиони фунти без да го прекрши правилото за финансиски фер-плеј.

Ова е максималната сума што новите газди на Њукасл можат да ја искористат за да доведат засилувања кои ќе го однесат тимот во горниот дел од табелата.

Благодарение на малите трошоци на поранешното раководство на „страчките“, предводени од сопственикот Мајк Ешли, оваа сума стои како опција за да се потроши, но прашање е какво ќе биде планот на Саудијците.

ПретходноПелистер по бодови во Скопје, дебитантот на тест кај најтрофејниот, дерби во Гостивар!
СледноРепрезентативците пристигнуваат вечер, го менуваат „Хилтон“ со „Палас“