Германците синоќа се извлекоа од кашата во која се најдоа по раното водство на Романија и на крајот успеаја со пресврт да дојдат до победа од 2:1. Селекторот на „панцирите“, Ханси Флик, по мечот рече дека Германија мора да игра подобро и тоа ќе го покаже на следниот меч со Македонија во Скопје.
На новинарскто прашање што очекува од дуелот со Македонија, Флик вели:
„Внимателно го анализираме противникот. Видовме кои се нивните добри работи. Но, сега треба да работиме низ играта против Романија за да донесеме правилни заклучоци. Потоа сакаме да го направиме следниот чекор и да се пласираме на Светското првенство што е можно поскоро.“