Франција остана без Рабио за финалето во Лигата на нации против Шпанија

114

Француската фудбалска федерација утрово објави дека играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио не ќе може да игра на утрешното финале од Лигата на нации против Шпанија, затоа што е позитивен на „Ковид-19“.

Фудбалерот од средниот ред се изолира и нема да биде заменет во составот на Дидие Дешамп како резултат на воспоставените прописи.

Како резултат на тоа, францускиот тим ќе патува за Милано со 21-члена екипа.

ПретходноИнтер во јануари сака да го позајми Лука Јовиќ
СледноПатиките на Џордан се продаваат за неверојатна сума