Ѓорѓиев „експлодираше“ на големото словенечко дерби со Калцит Камник

312

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, покажа зошто е доведен во дресот на АЦХ Волеј во Љубљана оваа сезона. Во големото дерби на 2. коло на словенечкото првенство, дуелот со освојувачот на Купот, Калцит Камик, новиот тим на Ѓорѓиев славеше со 3:1.

Победата е двојно повредна, затоа што освен за словенечкото првенство, дуелот се смета и за меч од 2. коло во регионалната МЕВЗА лига во која настапуваат екипи од Словенија, Словачка, Австрија и Хрватска. Нашиот капитен беше бр. 1 во таборот на АХЦ Волеј Љубљана откако средбата ја заврши како најдобар поентер кај домашните со 19 реализирани поени, од кои три беа сервис-асови.

По две кола АЦХ Волеј е лидер со две победи, а ова за нив беше и прва победа од новата сезона на МЕВЗА лигата.

ПретходноБешикташ во посета на Вардар!
СледноМагдебург ја шокираше Барселона и го освои Суперглоуб