Синоќа против Лихтештајн, во мечот кој го добивме со 4:0 и тоа во Вадуц, Езџјан Алиоски го имаше својот 51. настап за нашата најдобра фудбалска репрезентација. И во него успеа да го постигне својот 11 гол. Па така сега еден од нашите најдобри фудбалери во моментов е на петтото место на вечната листа на стрелците во нашата репрезентација.
Пред него се само Горан Пандев (38 голови), Александар Трајковски (18 голови), Ѓорѓи Христов (16 голови), Артим Шаќири (15 голови). Ова значи дека само Алекс и Џани можат да го зголемат својот скор, ако се знае дека Пандев, Христов и Шаќири не играат за Македонија.