Денекска продолжуваат квалификациите за СП 2022. Во натпреварите што почнаа од 18 часот, во групата Б Шведска со 3:0 го совлада Косово. Очекувано беше Швеѓаните да триумфираат, а Косово бараше изненадување но тоа не се случи.
Форсберг од пенал донесе водтсво за Шведска во првото полувреме, а во второто Исак и Куасон го поставија конечниот резултат. Во истата група Грција со два гола во 90. и 95. минута (Бакасетас и Пелкас) ја победи Грузија во Батуми со 2:0.
Шведска е втора со 12 бодови и меч помалку од лидерот Шпанија која има 13 бода. Грција е трета со 9 бода, следуваат Косово (4) и Грција (1).
Бугарите се посрамотија на гостувањето во Каунас. Загубија со 3:1. Илиев утна пенал во 14. минута, а веднаш потоа Литванците дојдоа во водство преку Ласикас. Десподов изедначи во 64. минута, а во финишот домашните преку двата гола на Церниш ги освоија бодовите во групата Ц. Од оваа група лидер е Италија, а Швајцарија и Северна Ирска играат вечерва.
Goals and drama galore in the early #WCQ games! 😵🙌
Drop a GIF to show us your reaction to your result… pic.twitter.com/nvuj8zF7e9— UEFA Nations League (@EURO2024) October 9, 2021