Баражот е на повидок: Македонија сама си решава за својата судбина!

2969

Дури сега се гледа колку ќе беа значајни оние два бода од Исланд, кога водевме со 2:0, за да во во финишот примивме два гола и мечот заврши нерешено. Дури сега се гледа колку тие два бода ќе беа златни за нас.

Но и вака имаме добри шанси за баражот. Сами си решаваме за нашата судбина во групата Ј во квалификациите за СП во Катар 2022. Моментално сме втори и имаме одлична гол разлика. Играме до крајот со Германија (дома), Ерменија (гости) и Исланд (дома). Ако победиме на сите три меча сигурно сме втори. Ако одиграме реми со Германија а победиме со Ерменија и Исланд, речиси сме втори. И со пораз од Германија шансите се тука.

Важно е да ја победиме Ерменија на гости, секако и Исланд дома. А ако во понеделник Романија и Ерменија во меѓусебниот дуел ремизираат, тоа ќе биде фантастично за нас.

Познато е дека гол разликата одлучува, а ние тука сме одлични во однос на Ерменија и Романија.

Значи многу важно е со Германија да не се загуби, иако и тоа нема да биде трагедија.

Ние имаме 12 бодови и гол разлика +9, Ерменија има 12 бодови со гол разлика -2, а Романија има 10 бодови со гол разлика +2. Ерменија игра со Романија, со нас и со Германија. Романците пак играат со Ерменија, со Исланд и со Лихтенштајн. Тие и да победат на сите три, тогаш ние ќе мораме да освоиме најмалку седум бодови.

Значи многу математика, ајде да почекаме до понеделник кога ќе се одигра осмото коло коло, па дури потоа ќе видиме на што сме.

Уште еднаш, колку ли само добро ќе ни дојдеа тие два бода од Исланд, ние веќе со една нога ќе бевме во баражот.

Сепак, шансите се тука, Македонија сама си ја решава судбината.

ТАБЕЛА

1.Германија 18 (+16)

2.Македонија 12 (+9)

3.Ерменија 12 (-2)

4.Романија 10 (+2)

5.Исланд 5 (-8)

6Лихтенштајн 1 (-17)

КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ

8.КОЛО

Македонија – Германија

Романија – Ерменија

Исланд – Лихтенштајн

9.КОЛО

Ерменија – Македонија

Романија – Исланд

Германија – Лихтенштајн

10.КОЛО

Лихтенштајн – Романија

Ерменија – Германија

Македонија – Исланд

ПретходноБензема е број 1 во Ла Лига за месец септември
СледноПролет се намачи во Струга, но замина со целиот плен