Голден Стејт ги реши „Лејкерси“ со Леброн, Дончиќ може да постигне кош и без раце (ВИДЕО)

403

Продолжуваат предсезонските натпревари во НБА-лигата. Интересно беше на мечот меѓу Голден Стејт и ЛА Лејкерс. Тимот на Стив Кер покажа дека во новата сезона ќе биде и тоа како конкурентен, ги совлада „езерџиите“ со 121-114.

Втората и третата четвртина беа клучни за триумфот на Вориорс, кои по првиот период имаа негатива од 21-25. Лејкерси се вратија во последната четвртина, но немаа простор за пресврт.

Кари со 30 поени и две асистенции го предводеше својот тим. два поени помалку имаше Џордан Пул. На другата страна Леброн запиша 9 поени, Хауард имаше 23 поени и 12 скока.

Лука Дончиќ И Далас го совладаа ЛА Клиперс со 122-114. Словенецот одигра неполни 18. минути, во триумфот постигна девет поени, осум скока и исто толку асистенции.

Ѕвездата на Далас имаше шоу за време на загревањето. Покажа дека може да постигне кош без раце, топката ја дочека на рамо, а потоа прецизно ја сметси во мрежичката.

Во центарот на вниманието минатата ноќ во НБА-лига се најде Никола Јокиќ, неговиот Денвер беше поразен од Минесота по продолжение со 112-114, но српскиот центар беше на скок до трипл-дабл. Зад своето име запиша 9 скока, 10 поени и 10 асистенции.

ФОТО: Голден стејт/твитер

ПретходноГо прескокна Роналдо: Меси наброја четири кандидати за „Златната топка“
СледноЈувентус поради два милиони евра останал без Халанд