ФОТО: Twitter
Втора доза на квалификациски натпревари за денес. Во Кишињев репрезентацијата на Данска ја совлада Молдавија со 4:0 и со тоа го продолжи 100 отстотниот ефект во квалификациите за СП 2022. Освен тоа „црвениот динамит“ предводен од Хјулманд станаа најефикасни во квалификациски циклус на Мундијал затоа што по само 7 кола постигнаа 26 гола и притоа не примија ниту еден. Со тоа го урнаа претходниот личен рекорд од 24 гола во квалификациите за СП 2018.
2️⃣6️⃣ – Denmark🇩🇰 score 26 goals in a World Cup qualifying campaign for the first time. They scored 24 goals in their 2018 World Cup qualifiers. #ForDanmark
— Gracenote Live (@GracenoteLive) October 9, 2021
Вечерва прецизни беа Сков Олсен, Симон Кјер, Кристијан Норгард и Јан Меле и сите погодија во првото полувреме.
Данска има 21 бод во оваа група, седум бода повеќе од Шкотска која е втора. На делба на третото место се Израел и Австрија. Австријците денеска со 2:0 ги победија Фарските Острови.
Репрезентацијата на Србија долго се мачеше да го скрши отпорот на Луксембург, а клучот за голот на домашните го најде Душан Влаховиќ во 68. минута. Србите победија со 1:0 и скокнаа на чело на табелата во групата А со 14 бода, еден повеќе од второпласираната Португалија која има и меч помалку.
Албанија славеше во Будимпешта против Унгарија. Победничкиот гол го постигна Броја во второто полувреме. Тоа е петта победа на Албанија во групата И со која скокна на второто место. Англија е лидер со 19 бодови и вечерва славеше над Андора со 5:0. Во истата група Полска го победи Сан Марино со 5:0.
#EQ #WC2022 Les résultats complets de ce samedi 😍
La perf du jour, elle est pour ____ 💬 pic.twitter.com/f7buUlfnBH
— UEFA Nations League 🇫🇷 (@EURO2020FR) October 9, 2021